Заев вели дека сега е „реален оптимист“ во однос на одлуката за ЕУ преговори

Лидерски аплауз и добредојде од светските лидери за новата 30 земја членка на НАТО- Република Северна Македонија. Така било претпладнево на почетокот на лидерската средба на НАТО, но за конечна верификација треба уште едно да, од Шпанија. Премиерот Заев вели се сретнал со мандатарот Санчез со кого ги споделиле очекувањата до јануари да се изгласа шпанска влада која ќе ја заврши ратификацијата.

Премиерот вели дека желбата е реализирана, која ќе донесе и добробит за граѓаните. Но има уште една адреса каде Македонија сака да стаса, тоа е Европската Унија- за што овде на самитот се сретнал и разговарал со Макрон три пати.

За Европската Унија не сум одговорен, одговори генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на прашањето на Телма. За НАТО сме задоволни, рече тој.

Ден пред самитот, на загревањето имаше многу жестоки несогласувања и коментари за иднината на НАТО. Трамп против Макрон, Макрон со критики за Ердоган за курдските сили во Сирија, Ердоган му врати и порача дека е против праќање заеднички сили во Балтичките сојузници соседи на Русија. Но на крај сите излегоа со заеднички пораки, суштината на НАТО е одржана, рече Столтенберг. На Кина за првпат се гледа како на воен ривал, Русија е и закана, но и партнер за дијалог кога сака Москва, борба против тероризмот и подршка на демократските процеси и во Сирија и во Авганистан.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ