Заев: Спроведувањето на Договорот за добрососедство е обврска на двете страни

Договорите треба да се исполнуваат и тоа е обврска на двете срани. Вака македонскиот премиер кратко ги искоментира условите кои Бугарија усвои вчера, а кои ќе бара ЕУ да ги вклучи во преговарачката рамка за земјава кога таа ќе ги почне преговорите за членство. Заев во коментарот се држеше стриктно за Договорот за добрососедство со Софија, без да ги коментира условите на Бугарија кои излегуваат од рамките на овој Договор.

„Овие денови јас ќе имам контакти со многу политичари и со мојот пријател Бојко Борисов. Нашите министри се во постојана комуникација. Очекувам најмалку да бидат еден од погласните поддржувачи за одлуката за датум за преговори. Исполнувањето на Договорот е обврска на двете страни и верувам дека ќе продолжиме да изнаоѓаме решенија со пријателска Бугарија“, изјави Зоран Заев, премиер на РС Македонија

Заев изјавата ја даде по средбата со својот словенечки колега во Скопје, Марјан Шарец, кој пак рече дека е упатен во проблематиката, но не сакаше да коментира дали ЕУ ќе ги прифати условите на Бугарија за Македонија.

„Ја познавамј пробелматиката тоа е 35 поглавје кое во тие преговорис е отвора во случај на евентуалните преговори со ЕУ. Треба да кажам дека тешко коменатирам каква ќе бидат мерките, подносно постапката на ЕУ во таа насок. Мислам дека премиерот Заев многу работи на тоа билатерлано да се договори со Бугарија“, изјави Марјан Шарец, премиер на Словенија

Подиректи во коментарите за бугарските услови беа шефот на дипломатијата и министерката за одбрана. За Димитров прашањето за јазикот и идентитетот не може да биде услов за европската интеграција на земјава, особено не во 21.век и во ЕУ, додека ставот на Шекеринска е дека владата досега покажала трпени, желба и умешност во решвање на споровите со соседите и сака да продолжи во таа насока, а не да е играат игри на уцена.

„Македонски идентитет – македонскиот народ, ние зборуваме македонски јазик. Тоа разбирање за заедничката историја, мора да оди заедно со разбирањето за денешнината. И јас не мислам дека ова може да биде доведено во прашање или да биде услов за нашиот пат кон Европа“, рече Никола Димитров, министер за надворешни работи

„Условувањата некогаш се покажуваат како корисен инструмент, некогаш се покажуваат како катастрофа и за регионот и за соседите. Сакаме со нашите соседи да бараме решенија, а не да ја играме играта на уцени, притисоци, кавги и прекинување на разговорот“, изјави Радмила Шекеринска, министер за одбрана

Словенечкиот премиер кој од Скопје, заедно со Заев замина на нашата јужна граница за да ги посети словенечките полицајци кои им помагаат на македонските колеги за спечување на нелегална миграција, рече дека Словенија очекува и се надева дека идната недела земјава ќе добие датум за преговори иако рече дека засега никој не може да ја предвиди одлуката која за тоа ќе ја донесе Франција.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ