Заев: Со Буџетот инвестираме во човечкиот капитал

Нема предизборен поткуп на гласачи, со Буџетот инвестираме во  човечкиот капитал. Вака премиерот Заев го правдаше најгломазниот буџет до сега тежок 3,9 милијарди евра. Растат платите во здравството и образованието. Но, растат и пензиите.

До година за пензии ќе се исплатат 1 милијарда евра. Покачувањето ќе чини дополнителни 50 милиони евра, а исплатата на пензиите, поради дефицитот на ПИОМ ќе се поткрепи со 500 милиони евра од Буџетот. Наредната година Владата планира задолжувања со речиси 1 милијарда евра, 560 милиони на странскиот и 440 милиони на домашниот пазар. Треба да се вратат  438 милиони евра стари долгови. Како ќе се покрива долгот, министерката не откри, ниту дали во игра е нова еврообврзница.

Јавниот долг порасне  и ќе достигне 51 проценти од БДП. Но според премиерот, тоа не е страшно ако се земаат кредити за капитални проекти.

За плати на административците министерката тврди дека ќе се потрошат речиси 500 милиони евра или 32 милиони повеќе од годинава. За капитални проекти се предвидени помалку од годинава или 374 милиони евра. Буџетрскиот дефицит е проектиран на 2,3 проценти од БДП и ќе изнесува 283 милиони евра.

Александра Филиповска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ