Заев се виде со Црвенковски

Премиерот Зоран Заев се сретна со поранешниот претседател Бранко Црвенковски, на разговори околу иницијативата на Подгорочкиот клуб, да организира регионална конференција во Скопје, на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“.

Конференцијата треба да се одржи на почетокот на јуни и треба обезбеди поддршка за членство на земјите од  Балканот во Унијата.

Предвидено е конференцијата да заврши со декларација, која ќе им биде испратена на лидерите на ЕУ, со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво, што би произлегле од евентуалното одлагање на овој процес.

Црвенковски е член на Подгорочкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ