Заев: Разговорот со пранкерите е приватна работа, а не акт на Руската Федерација

Македонскиот премиер Зоран Заев и рускиот амбасадор Сергеј Баздникин денеска се сретнаа на промоција на руска инвестиција во општина Газибаба.

Немаше подетални разговори меѓу нив, а премиерот Заев потврди дека денеска ќе оствари редовна средба со амбасадорот Баздникин откако тоа било договорено уште пред десетина дена односно пред да се појави видеото со измамата на двајцата комичари кои лажно му се претставиле како украинскиот претседател Порошенко и трипати разговарале со Заев. Премиерот ја пофали економската соработка со Русија и не прецизираше дали Шекеринска мислела дека тие водат специјална војна. Пранкот со него изведен од двајцата Руси го смета за приватен акт, а не државен, а Заев потврди дека се слушнал и со Хашим Тачи и со Александар Вучиќ на кои им се извинил за изнесените ставови за можна поделба на Косово. Средбата со амбасадорот Баздикин е денеска.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ