Заев: Просечната плата продолжува да расте, економската година ги дава резултатите

Премиерот Зоран Заев на својот фејсбук профил објави дека просечната плата од месец во месец продолжува да расте и оти економската година ги дава резултатите.

-Просечната плата од месец во месец продолжува да расте! Економската година ги дава резултатите, а граѓаните ги чувствуваат ефектите.

Продолжуваме и не застануваме, до крајот на мандатот на оваа Влада, просечната плата да биде 30.000 денари, напиша Заев во објавата на својот фејсбук профил.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ