Заев: Нема да дозволам еден суетен новинар и педер да ја урнат владата

Со остри зборови, премиерот Заев им се спротивстави на обвинувањата дека владини функционери, па дури и тој лично, се инволвирани во аферата Рекет. Потенцира дека тој е човекот што го пријавил овој случај.

“Секако дека нема да дозволам, неколку криминалци, еден суетен новинар и да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер, да ја симнат оваа влада од власт.Не. Ќе се бориме до крај, затоа што секој што се инволвирал, секако ќе си носи одговорност ”, изјави Заев.

Заев инсистира дека не постојат политички калкулации и дека секој ќе одговара доколку направил криминал.

“Очекуваме темелна истрага, презумпцијата на невиност ни дава обврска на сите, да не го класифицираме никој дека е виновен, без доказите, но секаде каде што ќе се утврди и докаже, секој што е инволвиран од земање на пари, секој што нарушил закон, го прекршил законот, треба да си одговара.” – подвлече Заев.

Премиерот Заев вчера се врати од годишен одмор. Ова е негова прва изјава по споменувањето на неговото име во разговорите меѓу осомничениот Боки 13-ка и бизнисменот Орце Камчев, кои се дел од „бомбите“ што ги пушта италијанскиот весник Ла верита.

Соња Николовска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ