(видео) Заев: Нема да дозволам да се преминат црвените линии

Премиерот Зоран Заев потврди дека лидерската средба завршила неуспешно, но вели дека секогаше треба да се остават отворени врати за нови преговори, во случај ВМРО ДПМНЕ да имаат нови предлози. Според Заев, лидерската не успеала бидејќи ВМРО ДПМНЕ инсистирале во новото обвинителство кое би гонело висока корупција, да бидат префрлени сите предмети на СЈО, па дури и оние 17 предмети кои се во постапка. За власта, ова било преминување на црвените линии, бидејќи шефот на ова обвинителство ќе биде на предлог на опозицијата, што според Заев, лесно би се амнестирале предметите во кои се гонат поранешните функционери.

Нема да дозволам да се премине црвената линија и да се уништат предметите на СЈО, рече Заев.

Ние немаме проблем шефот на новото обвинителство кое ќе гони само висока корупција да биде од опозицијата, но не смееме да дозволиме да ги земат само предметите на СЈО, кои веќе се во процедура и се предаваат на Јавното обвинителство, рече Заев.

Истакна дека иднината на обвинителите е веќе обезбедена, односно тие ќе се вратат во своите матични обвинителства, каде претходно работеле. Нема да земаат големи плати, но сепак имаат иднина, додава Заев.

Немавме план Б, рече премиерот, решение има, но овие предмети на СЈО нема да дозволам да лебдат. Блиску бевме до договор, но пуста желба да се има контрола врз тие предмети, не не доведе до договор.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ