Заев и Премиер и Министер за финансии

Предлогот за реконструкција на владата е доставен до Собранието, соопшти денеска од Валандово, премиерот Зоран Заев. Најголемо изненадување е неговата одлука во наредниот период, покрај функцијата Претседател на владата, Заев да ја врши и функцијата Министер за финансии.

„Обврската за министер за финансии, покрај премиерската функција ќе ја вршам јас одреден период. Оваа одлука ја донесов заради тоа што оваа година ќе биде година за економијата. Тевдовски ќе работи околу мене, како советник. Следуваат храбри одлуки од кои бенефит ќе имаат сите граѓани“, рече Заев

Нов министер има и во секторот Земјоделство, каде е предложен Трајан Димковски, кој досега беше советник на сега веќе сменетиот министер, Љупчо Николовски. Горан Милевски од ЛДП го презема министерството за локална самоуправа, додека Садула Дурака ќе го преземе новоформираното министерство за политички систем и односи меѓу заедниците.

Насер Нуредини е предложен за Министер за животна средина и просторно планирање а Хусни Исмаили за култура.

 

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ