Заев: Европските лидери дадоа збор и мора да го испочитуваат

Европските лидери дадоа збор и мора да го испочитуваат е пораката која премиерот Зоран Заев ја упати до нив, на неколку дена пред одлучувачкиот Самит на ЕУ на кој ќе се носи одлука за датум за преговори со земјава.

„Европските лидери дадоа збор, има да го испорачаат и да го испочитуваат тој збор. Ние го заслуживме тој збор“, изјави премиерот Заев.

Премиерот е уверен дека идната недела Унијата ќе даде зелено светло за старт на преговори со земјава, но сепак вели дека Владата ќе ја следи дебата околу проширувањето која се одвива во ЕУ до последниот момент на носењето на одлуката.

„Кога се разбара дека јунскиот самит, односно дека на Самитот на ЕУ ќе се бара одложување зарадоа тоа што беа многу блиску парламентарните избори, заради тоа што националните парлементи немаа време да дискутираат по Извештајот на ЕК за нашата земја, сфативме, во ред е, но направивме дипломатска активност во којашто баравме од канцелараката Меркел, од Бундестагот и од лидерите на другите земји ако е веќе октомври, да биде октомври. И тогаш го добивме зборот од сите“, рече Заев.

Според него барањето на Франција и на уште неколку земји за воспоставување на нова методологија на водењето на преговорите и отворање на поглавјата не смее да го блокира датумот.

„Но дефинтивнотоа тоа не смее да биде пречка ние да го добие датумот за почеток на преговори“, рече Заев.

Ако Заев и порача на ЕУ да го исполни ветеното, министерката за одбрана Радмила Шекеринска, пак ја предупреди дека доколку идната недела не донесе позитивна одлука за Северна Македонија, тоа ќе испрати негативна порака до прогресивните сили на Балакнот.

„Прогресивните сили кои се подготвени за храбри компромиси, за помирување, за една различна, демократска и напредна слика за Балканот, ќе почувствуваат недостаток од интерес од Европската Унија. За да се промовира лидерство, мора да се имаат и вредности, но и конзистентност и веродостојност“, порача Шекеринска.

Инаку на официјалните информации кои деновиве стигаат од Франција се дека таа ќе бара одлагање на стартот на преговорите најрано во првата половина на 2020 година.

Аргументите на Франција се дека реформските напори и во Северна Македонија и во Албанија не се доволни, а бара и промени во процесот на пристапување кој според Париз бил премногу технички, без маханизми за враќање назад доколку земјата во меѓувреме покаже назадување.

Појасна слика за тоа што ќе се случи на Европскиот совет на 17-18 октомври ќе се добие утре по средбата на германската канцеларка  Меркел и францускиот претседател Макрон на која меѓу другото ќе разговара и за старт на преговорите со Македонија.

Предлогот на Германија е стартот на преговорите со Македонија да се случи до крајот на годинава.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ