За практикантите по 5.000 денари три месеци и по 12.000 во наредните три

Практикантството ќе се стави во законска рамка. Младите до 29 години кои ќе одат на пракса за тоа ќе добиваат да добиваат паричен надоместок од компаниите, по 5 илјади денари во првите три месеци, и по 12 илјади ако останат и наредните три, бидејќи како практиканти можат да бидат ангажирани максимум половина година. Власта уверува – тие ќе бидат заштитени од било какви злоупотреби.

„Дали ќе има злоупотреби, ќе покажат државните институции. Државниот инпскторат за труд беше вклучен во сите одредби од законот кои значат регулатива, значат превенција од злоупотреби, ако се види злоупотреба, секако дека ќе има и казни“, вели министерката за труд и социјала, Мила Царовска.

Најголем проблем на фирмите сега им е како да најдат соодветен кадар, а од друга страна невработеноста е висока, вели вицепремиерот Анѓушев. Младите сега ќе можат да одат на пракса и додека им трае образованието, за време на распустите, и да ги стекнуваат потребните вештини.

„Компаниите избегнуваа да ангажираат практиканти бидејќи и во случај на повреди не се дефинираше кој ќе ја носи одговорноста, со овој закон се регулира статусот на практикантите“, вели вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Бизнисмените гледаат можност за еден вид предселекција на кадарот, велат, парите што ќе им ги даваат на практикантите, нема финансиски да ги оптоварат фирмите.

„Не треба да се гледа само како на трошок, туку како на инвестиција, која не е толку голема, туку умерена. Поволно за работодавачите е дека овој закон не дава специјален товар за плаќање на социјалните придонеси, туку само плаќање на персоналниот данок“, вели Миле Бошков, претседател на Бизнис конфедерација на Македонија.

Во земјава практиканството досега не беше регулирано со закон, власта тврди дека ќе ја пополни оваа празнина. Се покажало дека дава добри резултати и во светот, и кја нас – од вкупно 900 млади кои од 2017 биле вклучени во програмата за пракса, заклучно со 30 јуни годинава се вработени половината, или 455 лица.

Нина Нинеска-Фиданоска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ