За научниците, малцинствата не се закана за територијалниот интегритет на земјите

Правата на малцинствата не треба автоматски да се поврзуваат со територијални претензии или сецесија, туку постојат нетериторијални решенија за заштита и унапредуваат малцинските права.

За утврдување на ваквите модале на Американ колеџот во Скопје со одржа првата научна средба на Европската мрежа за нетериторијална автономија со учество на 50 научници и истражувачи од 27 земји. Нивната намера е да се деконструира идеата дека малцинствата се територијална закана државите.

„ Постојат механизми и начини на кои ние може да ги почитуваме малцинства и културните разлики и тие да не предизвикуваат таков ефект. Тоа е многу важно, да се подвлече, бидејќи тоа ќе го намали стравот дека малцинствата се проблем и дека се закана за територијалниот интегритет“, вели Иван Додовски, декан на фалкултет за политички науки – Американ Колеџ.

За тоа како се почитуваат малцинските права во земјите во европа експертите се на став дека е тоа различно од земја до земја зависно од моменталната политичката волја, големината на малцинската заедница, но и од историјата на таа земја.

Дел од земјите целосно ги применуваат новите стандарди за почитување на овие права, некои иако ги потпишале не ги имплементираат, а некои дури и ги намалиле правата на малцинствата.

Во денешна Европа има дури две држави кои воопшто не признаваат постоење на малцинства на своја територија.

„За жал во Европа се уште има како што ги нарекуваме – држави негатори. Тоа не е само Грција, тука е и Франција. Тие го немаат потпишано документот за малцинските права и нема изгледи дека во блиска иднина тие ќе го направата тоа. Во случајот на Гриција нејзиниот аргумент е дека таа ги штити правата на малцинствата со Лозанскиот Договор кој ги опфаќа само религиозните малцинства. Постојат такви слепи точки на европската мапа, кои за жал, изгледаат многу фиксни“, вели Тове Малој, Европски центар за малцински прашања, Германија.

Според научниците закана за правата на малцинствата е и порастот на крајно-десничарската и популистичка политика во земјите од Европа.

„Тоа се заканува на малцинствата, како и да ги дефинирате, без оглед дали се одамна признаени или се неодамна создадени. Радикалната десница, популистите ја поткопуваат демократијата, разбирањето за инклузивно општество базирано на учество, а имаат за цел и создавање на граници и имиџ на непријатели. Во тој контекст, да, тие се закана“, вели Дејвид Смит, Универзитет во Глазгов, Велика Британија.

За малцинските прашања на Балканот, експертот на Советот на Европа за малцински прашања, Балаш Визи, вели дека има промени, но се уште се нопходни промени особено кај политичарите.

„Политичарите треба да работата уште многу на тоа да го откријат вистинскиот интерес да бидат поотворени за дијалог и поинклузивен пристап во визјата за своите земји“, вели Балаш Визи, Центар за општествени науки, Унгарија.

Тој смета дека не ретко политичарите во регионот ги оддржуваат и дури ги продлабочуваат етничките разлики поради политички цели.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ