За две недели првични резултати по анализите за изедначување на акацизата на екстралесното гориво со дизелот

Министерството за финансии не обелоденува што покажале анализите за изедначување на акацизата на екстралесното гориво со дизелот. Иако во втората половина на април најавија  дека за две до три недели ќе се знаат првичните резултати, еден месец подоцна од финансии со ново одложување  и без конкретен рок за прелдог.

Министерство за финансии:

Царинската управа во изминатиот период работеше на изготвување на Анализата за акцизата за екстралесното гориво, која треба да биде основа за понатамошни одлуки и системско и долгорочно решение по ова прашање. Изработката на анализата е веќе завршена и во моментот се разгледуваат резултатите од истата, се носат заклучоци и соодветно ќе биде проследена до надлежните институции, а потоа и ќе ја искомуницираме со јавноста.

Со оглед на тоа што вонредната состојба трае до 30ти мај доколку не биде продолжена се наметнува дилемата дали владата  тактизира чекајки да истече периодот во кој се носат со уредби со закаонска силаза да го регулира ова прашање.

Дел од институциите се сомневаат и признаваат дека постојат злоупотреби со екстралесното. Сепак објаснувањата на министерката за финансии за тоа зошто веднаш не се изедначи акцизата за црвената нафта и дизелот, беше дека треба да се направи анализа и да се најде системско решение кое се уште не е презентирано.

  • Анализите се изработуваат – следната ендела ќе има состанок работона а група и може да се каже дека за две три недели ќе има првични анализа на каде се движиме и кој е  нашиот предлог за ова прашање- Нина Ангеловска, министер за финансии.

Регулаторната комисија за енергетика потврди  дека за да се задоволат годишните потреби за домаќинствата потребни се 5 милиони литри екстралесно масло за домаќинства, а се увезуваат 55 милиони литри.  Вишокот од 50 милиони завршува во резервоарите на возилата како замена за  дизел, а од понсиката акциза за екстралесното државата губи по 11 денари од литар гориво. Проценките се дека  буџетот губи околу 30 милиони евра годишно – анализираат енергетските институции во земјава. Но освен финански импликации кои се на штета на буџетот екстра лесното има и негативни последици врз животната средина бидејки има  100 пати повеќе сулфур од обичниот дизел и е сто пати поголем загадувач.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ