Вучиќ: Сакаме јасни граници, а не привремена состојба

Сакаме јасни граници, а не привремена состојба, за која едно се пишува, а на терен е сосема друго, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за српски „Новости“, објаснувајќи ја идејата за разграничување со Албанците за која зборуваше. Тој додава дека не кажал ништо ново и дека опцијата разграничување ја заговарал со години. Вучиќ не сака да изнесува дополнителни работи за што точно се преговара со косовските Албанци, зашто така, како што вели би ги отворил картите на Србија, за сметка на одредени западни преставници, но и за оние од домашната јавност кои се знаат, а „никогаш не разговарале, ниту пак присуствувале на разговорите“.

Порачува дека до 4 ноември нема да има никакви избори, ниту пак референдум, како што прогнозираат поединци од опозицијата.

Во контекст на ова прашање, и неговиот генерален секретар, Никола Селаковиќ, во вчерашното гостување на државната ТВ, РТС, рече дека прашањето за Косово е најтешкиот проблем и дека за негово решавање повеќе не треба да се чека, иако шансите за решение се пет проценти. Тој додаде и дека Вучиќ се залага за решение со кое би се избегнала војната во иднина.

 

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ