Вучиќ разговараше со членството на СНС за вонредни парламентарни избори

Српскиот претседател и воедно претседател на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ синоќа имаше состанок со околу 3.000 членови на Извршниот одбор и на белградскиот одбор на партијата во салата „Пинки“ во Земун, а една од темите беше и вонредните парламентарни избори.

Членот на претседателството на СНС Небојша Стефановиќ, за ТВ Прва ги потврди информациите за состанокот и изјави дека Вучиќ на присутните им кажал дека одлуката за вонредните избори „не е ни лесна, ниту брза“, дека е поволен момент за партијата тие да се случат, но и „да треба да се гледаат пошироките интереси“.

Ние сме секогаш подготвени за избори, но треба да видиме дали ова е добро за Србија во овој момент, истакна Стефановиќ, додавајќи дека во моментов во СНС размислуваат за она што е во интерес на Србија и кога ќе „формираат мислење“ што она што е најдобро за Србија, со тоа ќе ја информираат јавноста.

За време на говорот на Вучиќ пред членството на СНС, на самото спомнување за вонредни парламентарни избори имаше бурен аплауз што беше порака на членството дека тоа го сакаат.

На состанокот се разговарало и за престојната посета на рускиот претседател Владимир Путин и за економски теми.

Деновиве опозициските партии, особено партиите од коалицискиот Сојуз за Србија се погласно ја застапуваат тезата дека ќе ги бојкотираат евентуалните избори, се додека не се обезбедат фер и слободни услови, како и правична застапеност во медиумите, што е и едно од барањата на се помасовните граѓански протести во Белград секоја сабота.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ