Вучиќ: Не ни се противници Албанците туку тие што ни го одземаат Косово

Нам не ни се противници во косовското прашање Албанците, туку оние кои ја создаваа таа држава и кои ни ја одземаат таа територија, изјави денеска српскиот претсеател Александар Вучиќ.

Во интервју за Пинк телевизија, тој рече дека е „јасно оти за Косово се преговара со САД, Велика Британија и уште неколку држави од Европската унија“.

Вучиќ додаде дека Приштина, како што изјави Харадинај, нема своја надворешна политика бидејќи за нив ја води САД.

Во интервјуто Вучиќ наведе дека Србија води самостојна надворешна поитика, седи „на свое столче“, но и дека се лажат оние кои мислат дека е можно да се развива што било на европскиот континент без поддршка од Германија.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ