ВТОРОЛИГАШИТЕ СО АПЕЛ ЗА ФИНАНСИСКА ПОМОШ

Домашните второлигаши  испратија барање за финансиска помош до Владата во услови на кризната состојба.

Второлигашите бараат подеднаква финанска  помош  за сите клубови и се откажуваат од ваучерите.

’’Во овој момент се соочуваме со ситуација да не може да ги реализираме ваучерите, ниту да добиеме спонзорства од компаниите, а трошоците останаа исти, се однесуваат на личен доход за многу малку лица и хонорари, како единствен начин за финансирање на фудбалерите и останатите лица ангажирани во клубовите“ стои во дел од соопштението.

На иницијативата се потпишани десетте клубови  од Втората лига – Исток, како и седум   од Втората лига – Запад.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ