Второ коло на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција

Денеска се играат мечевите од второто коло во фазата по групи на Европското првенство во кошарка во женска конкуренција што се одржува во Летонија и Србија.

Во А групата од 18 часот и 30 минути се среќаваат Летонија и Украина, а за 21 часот закажан е почетокот на натпреварот Шпанија – Велика Британија.

Во Б конкуренцијата веќе е завршен еден натпревар. Чешка ја совлада Шведска со 71:64 додека од 15:30 играат Црна Гора и Франција.

Мечевите од Ц групата се играат во Ниш. Денешната програма во салата Чаир од 16 часот ја отвораат Словенија и Турција, а од 18 и 30 Италија се соочува со Унгарија.

И во Д конкуренцијата во 17 часот и 45 минути почнува дуелот меѓу Белгија и Белорусија додека од 20:30 домаќинот Србија за противник ја има Русија.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ