ВТОР ТРИУМФ НА ОДБОЈКАРИТЕ НА ЕП

Македонскиот соства ја изненади фаворизираната Словенија,кандидат за медал на шампионот што се одржува во Љубљана,Франција,Белгија и во Холандија.Пресметката во групата Ц во Арена Стожице, нашиот состав ја отвори со освојување на  првиот сет , 26-24.Вториот, тргна во подобра насока за Словенија.Домашните одбојкари   имаа водтвсо од 21-17,но со извонредна игра    нашиот тим направи пресврт и после 7 сет топки го затвори вториот  сет со 30-28.Во третиот, Словенија  влезе во ритам  после 15-15 и намали на 2-1 со 25-19.Во четвртиот сет домашните беа на поен до 2-2 но со феноменална серија,негативата од 21-24,нашиот состав  ја претвори во 26-24 фрлајки ги во очај словенците кои  ќе остана втори во групата независно од исходот  од утрешното дерби со Русија. Ова е втора победа за македонскиот национален тим на ЕП,предводен од селекторот Никола Маитјашевиќ  и за поволна разврска кон осминафинале  потребни се  добри вести и од преостанатите  натпревари во групата.Ѓорѓиев беше играч на мечот со 24 поени,Љафтов  реализираше 17, Милев   15 поени .

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ