Врховен и дозволи на Јанкуловска да не оди во затвор на 1 јули

На една недела пред да влезе во затвор Врховен и го одложи издржувањето на четири годишната затворска казна на ексминистерката Гордана Јанкуловска за случајот „Тенк“ со блиндираниот мерцедес. Ова е второто одложување во корист на Јанкуловска. Првично таа побара и доби одлгање од Кривичниот суд заради чување на бебето кое се уште не наполнило една година и требаше да влезе во Идризово на 1 јули. Со новото одложување не е наведен конкретен датум. Дали и кога ќе оди во затвор Врховен ќе се произнесе во моментот кога ќе одлучува и по жалбата за нејзината пресуда. Кога ќе биде тоа дали пред летните одмори или по тоа не се знае. До тогаш ќе биде на слобода. Информација за одлагањето ја објави Кривичниот суд откако решението на највисокиот суд пристигнало кај нив.

Во решението е наведено дека,  извршувањето на казната изречена со пресудата на Основниот  кривичен суд – Скопје од 08.10.2018 година, а потврдена и преиначена во делот на казната со пресуда на Апелациониот суд –Скопје од 25.03.2019 година со која Г.Ј. е огласена за виновна за кривичното дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“ и осудена на казна затвор во траење од 4 години се одлага се до одлучување по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилната пресуда од страна на Врховниот суд на РСМ.

Од врховен за сега нема информација со кое образложение судиите прифатиле да и ја одложат казната на ексминистерката. Од одбраната на Јанкуловска велат се уште не ја добиле  одлуката на Врховен, но оценуваат дека членот 466 став 4  не врз основа на кој е побарано одложувањето не се бара да се наведат посебни причини.

Вакво барање за одлагање на казната пред врховен побара и експремиерот Никола Груевски уште во октомври пред да избега во Будимпешта. Тој беше осуден на две години затвор за истот предмет „Тенк“ но на Јанкуловска и се судеше во издвоена постапка поради бременоста. И неговиот предмет е стасан во највиоскиот суд. Па во наредниот период се очекува Врховен да одлучи и за неговото и за барањето на Јанкуловска за вонредно преиспитување на пресудата. Може да ја поврди да ја укине или да ја промени казната.

Елена Ивановска Мукоска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ