Возачот на автобусот пуштен на домашно лекување

Возачот на автобусот М.Т. (49) од Гостивар, кој вчера попладне се преврте на автопатот Скопје-Тетово е пуштен на домашно лекување.

Директорот на болницата „8 Септември“ Христијан Костов кажа дека возачот бил примен синоќа, по извршените прегледи му биле констатирани телесни повреди и бил пуштен на домашно лекување. Тој упати апел до семејствата на повредените да бидат трпеливи и дека навреме посебно лице од болницата ќе ги известува за нивната здравствена состојба.

Во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи на автопатот Скопје-Тетово загинаа 14 лица.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ