Возачот на автобусот го напуштил својот дом во Гостивар

Возачот на автобусот кој заврши во провалија кај Автопатот Тетово – Скопје со неговото семејство го напуштил домот во Гостивар веднаш по страотната сообраќајна несреќа.

Насобраните писма и сметки висат на влезната врата. Соседите велат дека возачот бил професионалец и сериозен во својата работа.

Од Јавното обвинителство, најавија дека деновиве ќе го повикаат да сведочи и возачот на автобусот. Во тек е вештачењето на автобусот, патниците веќе се сослушуваат.

Меѓу нив е и Бејтула Нухиу кој задоби телесни повреди во сообраќајката. Вели дека кога возилото почнале да преминува на другата лента забележал дека возачот се борел да го контролира автобусот. Сакал да му помогне, но се се случило за миг.

Очевидци на сообраќајката пред нашата камера кажаа дека возачот нагло свртел лево и со голема брзина удрил во банкините. Не забележале дека биле употребувани кочници. Во сообраќајката загинааа 15 лица a триесетина беа повредени.

Зоран Димовски

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ