Во Тетово се отвараат пунктови и телефонски броеви за епидемиолошка анкета

За да се намали движењето на граѓаните кои имаат одредени здравствени проблеми и симптоми јавните здравствени служби од Тетово организираа тие да добиваат здравствени и медицински услуги на пунктови поставени во неколку села во околината и самиот град. Целта е луѓето да можат да се консултираат и дадат епидемиолошка анкета, па лекарите да одлучат за понатамошните чекори и евентуално испитување на Ковид – 19.

„ Јавните здравствени установи во соработка со примарната здравствена служба – матичен лекар, за регионот на Општина Тетово и околните општини организираа услуги во пунктови во Боговиње, Желино, Теарце, Челопек-Брвеница, Голема Речица и Тетово со доктори и медицински сестри за проблемите поврзани со сомневање за Кои – 19“, информираат Центар за јавно здравје, Клиничка болница и Здравствен дом.

Од установите апелираат за било каква здравствена консултација граѓаните да ги користат достапните следни броеви: 076/365-163, 076/365-120, 075/240-464, 075/200-839, 075/200-339 и 075/445-124

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ