Во Тетово никој не ја почитува социјалната дистанца од еден ипол метар

Ваква е сликата пред банките и поштата во Тетово особено во деновите кога се ислаќаат пензиите и правата од социјална заштита. Мерката за оддалеченост од 1 и пол метар воопшто не се почитува, во време кога социјалната дистанца е од клучно значење, според препораките на надлежните. Граѓаните велат дека гужвите се создаваат поради редуцираното работно време на банките.

Градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи, на вчерашниот состанок на Кризниот штаб рече дека ќе биде испратено барење до Народна банка за надминување на ваквите ситуации.

Инаку, со новите мерки на Владата од утре дополнително ќе им биде ограничено времето на движење на лицата на возраст над 67 години, односно тие ќе можат да излегуваат само во работните денови во периодот од 10 до 12 часот.

 

Данијела Билбилоска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ