Во тешка сообраќајна несреќа повредени две девојки од Штип

 

Во тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Штип-Радовиш тешко се  повредени две девојки од Штип. Утринава во три часот и 55 минути патничко моторно возило БМВ во кои се превeзувале четири девојки и едно момче на возраст од 19 до 22 години од непознати причини излетало од коловозот, кај местото викано чешмата на шестиот километар. При што од силината на ударот се урнати  две дрвјва, а едно од нив паднало и врз автомобил со кумановски регистрски таблички кое уредно било паркирано. Во возилото имало две лица, кои за среќа поминале без потешки повреди.  Една од тешко повредени девојки е задржана во штипската КЛиничка болница, а 20 годишната  девојка М.Д која се здобила со скршеница на вториот вратен пршлен е хоспитализирана во скопскиот Клинички центар

Девојките и момчето кои биле во автомобилот БМВ во раните утрински часови се враќале од ночната забава во  Радовиш. Инаку ова место е една од црните точки на регионалниот пат Штип-Радовиш, каде што често има и жртви. Минатата година беше една од најцрните години на патиштата во источна Македонија. Според статистиката на СВР-Штип загинаа над 30 лица на различна возраст, а причините за несречите се брзото возење, непочитување на сообраќајната сигнализација и алкохолот.

Викторија Димитрова Јованова

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ