Во Скопје и Битола бучавата од сообраќајот е двојно поголема

Бучавата од сообраќајот мерена на три локации во Битола и две во Скопје покрај училишта и болници,  покажува двојно поголеми вредности од законските ограничувања. Кај  Градска болница во Скопје и покрај училиштата измерени се максимални 111 децибели, а бучавата на сите мерни места во двата града во континуитет изнесува од 72 до 87 децибели, наспроти дозволените гранични вредноси од 50 децибели.

Целта беше да ги видиме максимланите вредности, која е таа бучава што предизвикува негативни ефекти врз околината, просечните која е таа бучава на која во просек е изложена околината и минималните се мерени за да се покажа дека кога нема возила има  период на стишување, вели проф. др Никола Крстановски, Технички факултет Битола.

По загадувањето на воздухот, бучавата е втор најголем проблем во урабните средини. Влијае врз психичката и физичката сотојба на луѓето, а изложеноста на повисоки нивоа на бучава доведува до кардиоваскуларни болести,   психички пореметувања и предвремена смртност. За сите локации каде  се извршени мерењата, професорите од Техничкиот факултет во Битола подготвија и решенија со прифатливи мерки за овие сообраќајници.

Селекцијата ја направивме во зависност од специфичностите на самата мерна локација. Ќе споменам само некои од мерките: имплементација на патни грби, издигнати пешачки премини, зони на смирен сообраќај од 30 км на час, пренасочување на товарниот сообраќај итн, рече проф. др.  Бети Анѓелевска,Технички факултет Битола.

Мерењата ги направија професори и студенти од Техничкиот факултет во Битола во соработка со Институтот за комуникациски студии од Скопје, во рамките на кампњата „Не игнорирај! Реагирај!“.

Емилија Мисирлиевска

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ