Во Шведска фатен осомничен за крвавиот четврток, од Софија слетал во Стокхолм

39 годишниот Дејан Давидовски кој се бараше со меѓународна потерница за крвавиот четврток  уапсен е во Шведска на аеродром Скаваста во Стокхолм. Од обвинителството за организиран криминал во земјава ја потврдуваат информацијата и велат дека веќе се преведуваат доказите со кои бараат негова екстрадиција.

Извори на Телма велат дека Давидовски бил фатен на 7-ми април годинава на пасошката контрола на летот од Софија до Стокхолм.

Имал бугарски пасош, негирал дека е поврзан со настаните од Собранието, но шведските обвинители сепак му одредиле притвор поради опасност од бегство. И министерството за правда е известено и ќе постапува по барањето за екстрадиција.

Инаку Давидовски не беше достапен на македонските органи кога започна истрагата за настаните од 27 април, а и кога беше поднесено обвинението. Како што беше тогаш најавено, дека кога ќе стане достапен ќе му биде и поднесено обвинение.

Тој е од групата маскирани кои влегоа во законодавниот дом.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ