Во општина Чаир отворена „Кока-кола активна зона“

Во Топанско Поле денеска беше пуштена во употреба единаесеттата „Кока-кола активна зона“. Чаирската „Кока-кола активна зона“ го означува почетокот на третиот циклус од проектот, а до крајот на годината ќе бидат поставени уште четири „Coca-Cola Активни зони“ во различни општини.

Директорот за односи со јавност и комуникации на Пивара Скопје Ламбро Патче изрази надеж дека жителите на Чаир ќе го сакаат ова спортско-рекреативно место за дружење, ќе се грижат за него и вистински ќе уживаат во времето поминато тука.

„Кока-кола активноте зони“ се реализираат со поддршка на локалната самоуправа, а се сочинети од професионални фитнес-справи, кои се поставуваат на соодветни локации за слободна употреба на сите граѓани, и тоа 24 часа.

Во изминативе години Пивара Скопје заедно со компанијата „Кока-кола“ реализираа повеќе проекти, меѓу кои „Кока-кола фудбалскиот куп“, бесплатните паркиралишта за велосипеди и десетте „Кока-кола активни зони“ од 2016 и 2017 година за жителите од Прилеп, Струмица, Охрид, Тетово, Штип, Куманово, Гостивар, Радовиш и од Скопје.

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ