Во Кавадарци молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот

Во Кавадарци денеска се читаше молитва за Бог да помогне и да го исчисти вирусот и сите неволји околу нас. Свештеници ја прочитаа молитвата пред црквите „Света Петка“ и „Свети Димитрија”, ваташката црква.

– Покадивме секаде низ градот. Опфативме доста улици. Темјанот да покади секаде. Попрскавме со крстена вода. Секако дека веруваме дека тоа ќе помогне. Ако не веруваме, нема да го правиме, за МИА изјави еден од свештениците.

Во Кавадарци има два потврдени случаи од новиот корона вирус, а други сомнителни се проверуваат. Свешениците од Повардарската епархија ја прочитаа пораката на владиката Агатангел, кој ги повика верниците назад во храмовите, а самиот е дома поради здравствени причини. Еве дел од видео записот на телевизијата КТВ.

Свештениците од кавадаречките храмови со литургија против корона вирусот

КТВ-телевизија 发布于 2020年3月25日周三

Овој потег на свештениците наиде на негодување од страна населението.

https://twitter.com/BazeLazevski/status/1242749707153219586?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1242767300211638279&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.libertas.mk%2Fvideo-popovi-se-vozea-niz-veles-i-kavadarczi-go-brkaa-koronavirusot%2F

Инаку Грција уште минатата недела ги затвори храмовите, а Израел денеска соопшти дека синагогите ќе бидат затворени како дел од зголемените мерки за борба против коронавирусот што земјата планира да ги воведе.

Во Израел се потврдени над 2.000 случаи на заразени со коронавирус, меѓу кои пет смртни случаи.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ