Во домашен карантин се осумте лицата кои патувале со жената заразена со корона вирусот

50 годишна жена која со комбе дошла од Италија е првиот случај на заразен со корона вирус во Македонија. Во моментов на инфективната клиника се вршат тестови над уште еден сомнителен случај.  Жената кај која е потврден корона вирусот утрово меѓу 2 и 3 часот влегла во земјава преку граничниот премин Табановце. Во комбето се превезувале осум патници и возач и сите се идентификувани и контактирани. Четворица од нив се од Скопје и се наоѓаат на две локации, а останатите четворица и возачот се од Струмица и се наоѓаат на три локации.

Веќе се упатени екипи на епидемиолози, задно со претставниц на МВР, да се направи соодветната анкета, по однапред утврден парашалник, кој што е во регуларниот пристап кај епидемилозите за дознавање на податоци со кои се лица овие патници комуницирале денеска во текот на денот. Врз основа на тие податоци, најпрво, вечерва сите ќе останат во домашна изолација, под полициски надзор како што е предивдено во протоколите, изјави Венко Филипче, министер за здравство.

Нема место за паника, порача претходно вечерва епидемиологот од Институтот за јавно здравје, Жарко Караџовски, според кого еден заразен од корона вирус не е закана за населението. Тој даде подетална информација за состојбата на заразената која еден месец престојувала во Италија и била болна веќе две недели. Таа се лечела во болница во Италија, но таму не и бил направен тест за корона вирус. Таа при блегување во земјава не им ја пријавила својата состојба на пограничните служби и била донесена на инфективната клиника од нејзиното семејство.

Во моментов жената е свесна, ориентирана и дише сопствено, соопшти д-р Жарко Караџовски од Институт за јавно здравје.

Властите по објавувањето дека во земјава е регистриран прв случај на заболен со корона вирус, апелираа приватните фирми, јавните институции, училиштата, да не ги примаат на работа лицата кои скоро биле во Италија, за да можат тие две недели да бидат во домашен карантин додека не помине период на инкубација на вирусот.

За оние пак кои влегуваат во земјава преку граничните премини и аеродромите не е предвиден карантин. Тие ќе продолжат да бидата третирани со мерење на нивната телесна температура и да се информираат каде да се обратат доколку почуствуваат симптоми на корона вирус.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски смета дека во моментов нема потреба од забрана за јавни собирања, како превентивна мерка.

Во однос на поголемите собири, во однос на организираниот превоз, во однос на сите други аспекти ќе зависи од конкретната состајба. Денеска во овој момент, проценките се дека ние немаме никаква причина да носиме било каква одлука која што ќе значи запирање на нормалниот живот, изјави Оливер Спасовски, технички премиер на Македонија.

Властите побараа јавноста да остане смирена и да не се создава паника поради случајот со корона вирусот.

Тамара Грнчароска

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ