Во дом во близина на Дизни ресортот на Флорида пронајдени се четири тела

Полицијата од Флорида соопшти дека во дом во гратчето Селебрејшн пронајдени се четири тела, а едно лице е во притвор.

Полициските истражувачи ги пронашле телата во домот, но не соопштија на кој начин се усмртени или со какви обвниувања се соочува лицето, кое е притворено.

Идентитетот на жртвите нема да биде објавен додека не биде извршена обдукција на телата.

Според тврдењата на еден сосед лицето кое е притворено живеело во таа куќа со своето семејство.

Градчето Селебрејшн што значи „прослава“ на англиски јазик се наоѓа во близина на Дизни ресортот на Флорида, а изграден е од компанијата Волт Дизни на почетокот на 90-тите години од минатиот век.

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ