Во буџетот за догодина нема пари за субвенции за набавка на нови возила

Во буџетот за следната година – нема пари за субвенции за набавка на нови возила потврдуваат од Министерството за економија за Телма.

„Програма за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото возило, каде начинот на субвенционирање и постапката за надомест на дел од трошоците за купување на ново возило е предвидено да започне во 2020 година, но во новиот буџет за 2020 година не се предвидени финансиски средства за субвенционирање, велат од Министерството за економија за Телма.

При тоа дополнуваат дека за оваа најавувана мерка ќе се чека ребалансот на буџетот за 2020 година за да се предвидат пари. 

Дополнително, Владата ќе дава субвенциии само набавка на нови возила, а не и на половни, иако првичните најави ги опфаќаа и половните возила.

Од Министерството за економија посочуваат дека според програмата за субвенционирање на дел од трошоците за купување на ново возило со одјавување на старото возило, субвенции се предвидува само за купено ново возило, а сопственикот кој поседува старо возило ќе треба да го расходова, односно да го предаде во специјализиран отпад за возила.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ