ВМРО обвинува за криминал во ЕЛЕМ

Опозициската ВМРО ДПМНЕ обвинува дека е направен милионски криминал со тендерот за ископ на јаглен за потребите на РЕК Битола. Според нив АД ЕЛЕМ го раскинала договорот со фирмата Трансмет по цена од 47 денари за гига џул, а потоа во 4 очи склучува нов договор со второрангираната фирма од претходниот тендер Пелистер за цена од 88 денари по гига џул. Штета врз буџетот велат од партијата тежи повеќе од еден милион евра.

„Зошто е склучен договор по двојно повисока цена? Дали ЕЛЕМ ја испочитува законската обврска и по раскинувањето на договорот со прворангираниот понудувач се обидела да склучи договор со второрангираниот, во случајот компанијата Пелистер или веднаш отпочнала постапка за склучување договор во четири очи, поради непостоење на Советот за јавни набавки кој самите го укинаа, по двојно повисока цена? Дали условите на новиот договор се наштимани да го добие токму компанијата која е во сопственост на човек близок до СДСМ, праша Игор Јанушев, ген.сек.на ВМРО ДПМНЕ.

АД ЕЛЕМ ги отфрла ваквите обвинувања. Тврдат дека откако  прворангираната фирма Трансмет во февруари се откажа од тендерот,  договор согласно законот и бил понуден на второрангираната фирма Пелистер од Битола, но таа одбила да го потпише.

ПЕЛИСТЕР писмено одговори дека не се согласува да ја преземе работата за цената која ја понудила на тендерот. Од тие причини, согласно Законот за јавни набавки, пристапено е кон распишување тендер по итна постапка за привремен ископ на јаглен во РЕК Битола, со кој е премостен периодот од три месеци до избор на фирма во редовна постапка, а во исто време е распишан тендер во редовна постапка за ископ на јаглен, на кој по сите пропишани процедури и со електронско поддавање ќе се избере најповолна понуда на фирма која ќе го врши ископот во следниот период, кажаа од АД ЕЛЕМ.

Компанијата нагласува дека крајна цел е ископот да го врши надворешна фирма се дури РЕК не обезбеди сопствена механизација за што тендерот е во тек  а уште еден ќе биде наскоро распишан.на овој начи објаснуваат од тмау ќе се заштедат милионску суми кои во изминативе години се одлевале кај надворешни фирми.

Виолета З Стојановска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ