ВМРО-ДПМНЕ предлага проверката на потекло на имот да вклучува и политичари и функционери

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со предлог закон, кој ќе го поднесе  неговата партија, за потеклото на имотот не само на судии и обвинители, туку и на политичари и функционери.

Ги повика институциите да го проверат прво него и неговото семејство, но побара иста таква проверка и за премиерот Заев.

Мицкоски обвини  дека аферата “кеш”, само покажала колку е трул правосудниот систем, кој како што вели Mицкоски е ставен во функција да и служи на власта и интересите на Зоран Заев.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ