ВМРО ДПМНЕ не знаат дали Груевски е навистина во Будимпешта?!

ВМРО ДПМНЕ немаат информација за тоа каде е и што прави нивниот почесен претседател, како и дали е навистина во Унгарија, како што пишува на неговиот фејсбук профил. Така барем тврди партискиот портпарол, велејќи дека лично го нема видено Груевски подолго време.

Арсовски обвини дека партиското седиште вчера било под полициска опсада со цел да се изврши притисок врз членството.  Побара Народниот правобранител да поведе постапка за матретирањето врз семејството на Груевски, и врз генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев. Немаше информации дали е точно дека поранешниот премиер добивал закани, какао што пишува во статусот на фејсбук, но верува дека било така. Не знаеше ниту кога последен пат претседателот на партијата се сретнал со Груевски. Мицкоски, пак, во телевизиско интервју на 1-ви ноември изјави дека, неколку дена претходно имал средба со почесниот претседател. Разговарале, како што рече тогаш,  за судењата, но и за лични моменти кои им се заедничка тема.

Од СДСМ денеска побараа Мицкоски да каже, дали го оправдува бегството на Груевски и неговото криење од правдата?

Од владејачката партија прашуваат зошто не е одреден притвор или друг начин на обезбедување? Зошто со денови се чекаше и не се побара на време од МВР потерница, за да може да се активира одделот за потраги? Велат дека, институциите имаат обврска пред граѓаните да утврдат и да соопштат кој е одговорен за сето ова.

Далиборка Демјанска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ