ВМРО ДПМНЕ ќе поднесе 15 приговори до ДИК          

ВМРО-ДПМНЕ очекува од ДИК да ги прифати нивните приговори за изборни нерегуларности во вториот  круг.

Тврдат дека на 5 мај се случил изборен фалсификат, имало голем број притисоци, закани и нарушување на тајноста на гласање.

ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.

Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението.

Се очекува ДИК да одржи седница во петок, а новиот претседтаел Стево Пендаровски да биде инаугуриран во недела на 12 мај кога и официјално истекува мандатот на Иванов.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ