ВМРО – ДПМНЕ има информации за закани и уцени кон нивни пратеници

ВМРО – ДПМНЕ ќе го преиспита своето понатамошно институционалното дејствување, бидејќи, како што беше кажано на денешната прес – конференција, имале информации за закани и уцени од власта кон нивни пратеници, како нудење пари и ослободувањ на кривичен прогон.

  • Имаме неформални сведоштва од луѓе, чиј што идентитет од разбирливи причини нема да го откриеме, за јавувања од посредници кои што се повикуваат на Зоран Заев. Во игра се пари, ветувања за ослободување од политички прогон, за возврат за поддршка на уставните измени за промена на уставното име на Република Македонија, изјави портпаролот Наум Стоилковски.

Претпладнево во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ претседателот Христијан Мицкоски ги повикал сите пратеници на седница на Извршниот комитет на партијата и состанок со пратеничката група.

Од партијата велат дека во текот на денот тие ќе одржуваат постојани состаноци на кои ќе се разговара за актуелната состојба поврзана со уставните измени.

„Фабрикуваното обвинение за случајот Талир, е уште еден обид за груб политички притисок, за брутално замолчување на ВМРО-ДПМНЕ пред уставните измени за промена на името и идентитетот. СЈО создава механизми за уцена над ВМРО-ДПМНЕ да ги прифатат уставните измени. Власта соочена со неприфаќањето на граѓаните на уставните измени, се обидува со секое можно средство да ја угуши секоја мисла која се спротивставува на сите нивни погубни политики. Промената на името и договорот не минаа на референдум, па сега се обидуваат да дојдат до некој пратеник да покажат некој вештачки легитимет. Притисокот над ВМРО-ДПМНЕ е одраз на стравот на СДСМ како пред уставните измени, така и пред претседатрелските избори. ВМРО-ДПМНЕ ниту ќе прифати промена на име, ниту било што кое ќе се покаже штетно за граѓаните. Заев, тргни ги рацете од народот, не можеш да ја спречиш волјата на народот“, порача Јанушев на денешната прес-конференција.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ