ВМРО-ДПМНЕ и натаму надвор од Собранието, пратеничката група се ситни

Се намалува бројот на пратеници од коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ. По Чедомир Саздовски од ГРОМ и Амди Бајрам од Сојузот на Ромите, вчера и пратеникот Јусуф Хасани од Демократската партија на Турција најави дека не е дел од коалицијата и оти ќе делува како независен пратеник.

Хасани со допис го известил претседателот на македонското Собрание дека ќе настапува како независен пратеник, а не како пратеник на коалицијата „За подобра Македонија“.

Од друга страна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера изјави дека опозицијата нема да учествува во работата на Собранието бидејќи во моментот нема демократски амбиент за работа. Тој повтори дека 12 проценти од нивните пратеници се се уште во притвор, а тоа се пет проценти од вкупниот број на пратеници кои се соочуваат со конструирано обвинение за тероризам.

Мицкоски посочи дека има комуникација со владејачкото мнозинство и со претседателот на Собранието, но потенцира дека таа се темели на „не така чести состаноци“.

 

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ