ВМРО ДПМНЕ и ДУИ сметаат дека изборните листи на СДСМ-БЕСА се причина за пораз на изборите

Кандидатски листи со стари компромитирани кадри, вака ВМРО ДПМНЕ  и ДУИ го оценуваат изборот на СДСМ и БЕСА . Не се штедеа зборови ниту за носителите на листите. Вмро Дпмне го поврза Заев со аферата Рекет, Шекеринска со приватизацијата и транзицијата, Димитров со менувањето на партиите, Спасовски како најнеуспешен министер за внатрешни работи, Николовски го обвинија за погрешни политики во земјоделството. Зачудени се и од ставањето на Панчо Минов и Зекир Рамчиловиќ на листите.

ДУИ смета дека колаицијата на СДСМ и БЕСА нема да може да функционира од идеолошки аспект .

СДСМ пак се убедени во победа на 12 април.

Кандидатските листи треба да се достават до ДИК до 12 март на полноќ.

Јулијана Пешевска

 

 

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ