Власта и опозицијата се согласија дека проблемот со аерозагадувањето е во институционалната неспособност

Законите и новоформираните институции, не ги даваат очекуваните резултати околу намалувањето на загадувањето на воздухот.  Власта ништо не направи во последниве 3 години по ова прашање, рекоа од ВМРО-ДПМНЕ.

  • Проблемот е во квалитетна, стручна и како што потенциравте вие, чесна имплементација на овие закони. Спрегата со бизнисот , со политиката , вие сами ја потенциравте, е огромна. Што сакам да кажам? Значи, за три години не се промени апсолутно ништо, рече Драган Данев од ВМРО ДПМНЕ.

Субвенциите за печки на пелети, за вградување плински уреди во автомобилите и за инвертери, кои вие не сакавте да ги гласате, се дел од мерките во борбата со аерозагадувањето, возвратија од владеачката СДСМ.

  • Има една анализа во која се следи загадувањето на град Скопје. Вие најмногу милувате да зборувате за градот Скопје. И таа покажува дека бројот на денови со високи загадувања во 2019 година е намален. И е драстично помал од 2012 година, рече Костадин Ацевски од СДСМ.

Според Лилјана Поповска од ДОМ, проблемот е во недоволно стручните на кадри во институциите. Иако владата со 2 милиони евра ќе го решава проблемот со загадениот воздух, ние побаравме 10% повеќе сретства, додаде Поповска. Информацијата за енормното загфадување на воздухот што ја поднесе ВМРО-ДПМНЕ од комисиска расправа ќе продолжи на пленарна седница.

Сотир Трајков

Објавено на
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ