Владата пресече – Иванов немал право да помилува

(Претседателот на Републиката немал, ниту пак сега има правна можност да даде помилување без спроведување на постапка врз основа на тој член и според тоа сите акти за помилување на претседателот на државата засновани на член 11 од Законот за помилување објавен во„Службен весник на Република Македонија“ број 20/1993, се незаконски и како такви ништовни.)

Пратеничката група на СДСМ го повика ВМРО ДПМНЕ да го подржат  барањето за автентично толкување со што ќе се спречи повторно враќање на нелегалната аболиција на Иванов.

ВМРО ДПМНЕ ќе подржи секаква иницијатива  која оди во насока на заштита на правдата.

Мислењето за автентично толкување Владата ќе го испрати до Собранието. Се очекува да се најде пред пратениците на седница по 11 декември. За негово усвојување неопходно е просто мнозинство.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ