Владата предлага четири суштински измени на Уставот

Владата му даде на Собранието насоки за четири суштински измени на Уставот. Ова не се нацрт амандмани, туку придружен документ на Владиниот Предлог за пристапување кон измена на Уставот во кој не се прецизира ниту колку члена треба да бидат изменети.

Владата очекува сите пратеници, без разлика на партиската припадност, да ја поддржат ваквата визија и да ја почитуваат волјата на граѓаните кои гласаа на референдумот како и на 80 одсто од граѓаните што поддржуваат влез во НАТО и во ЕУ.

Зоран Заев нема легитимитет да го менува уставното име на Република Македонија и нејзиниот идентитет, историја, култура и традиција, возврати ВМРО ДПМНЕ. Велат дека граѓаните му дадоа црвен картон на Заев и дека договорот од Преспа е правно-политички мртов и дека секој обид за насилно туркање на Договорот во Собрание е силување на волјата на граѓаните.

Соња Николовска

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ