Владата организира наградна игра „Мој ДДВ – моја награда“

Се организира наградна игра „Мој ДДВ , моја награда“ . Владата даде амин на овој предлог за поврат на ДДВ на министерството за финансии. За оваа мерка ќе се одвојат  30 милиони буџетски пари.  Наградната игра ќе почне кон крајот на ноември .  Првиот човек на надлежното министерство, Нина Ангеловска негира дека проектот е копија на „Фискална на рака награда без мака“ од пред 5 години, која СДСМ како опозиција жестоко го критикуваше.

Ангеловска се пофали  дека ова е надоградување на апликацијата Мој ДДВ, која се покажала како успешна.

Неофицијално УЈП има забелешки кои мораат да бидат усогласени пред да стартува наградната игра, велат извори за Телма. Станува збор за технички проблеми , но и за законски прекршоци. Во донесената одлука се прави дискриминација на деца од 15 години кои сега собираат и скенирираат фискални сметки , а нема да можат да учествуваат во наградната игра.

Апликацијата преку која се скенираат баркодовите на фискалните сметки беше пуштена во употреба на 1 јули, а исплатата за првите три месеци скенирање е најавена за декември. Годишно секој ќе може да врати по 7.200 денари, или четиричлено семејство до 28. 800 .

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ