Владата ќе поништи дел од огласот за проектите- Националните установи бараат да се поништи целиот

Владата утре ќе излезе со конечен став како ќе се постапува по скандалот со финансирањето проекти во културата. Засега остануваат на ставот на Премиерот  Заев да се поништи одлуката освен за Националните институции каде биле направени регуларни распределби.Но според реакциите на вработените во установите и театрите тоа не е така и бараат целосно поништување и објавување нов конкурс.

Ги побиваат наводите на Министерот Асаф Адеми дека програмата била транспарентна а комисиите едногласно   одлучувале  за предлозите. Со отворено писмо во јавноста излезе Актерот Оливер Митковски, кој е е еден од четирите члена на Комисијата за драмска дејност со која претседава Петар Арсовски. Поради несогласувањето со распределбата на парите и последиците со кои ќе се соочат некои од најстарите културни институции, Митковски не гласал, туку дал издвоено мислење за целата постапка.

Во телефонски разговор Митковски ни изјави дека не можел да си поднесе оставка два дена пред објавувањето на огласот ниту пак јавно да излезе во јавноста поради фактот што кога прифатил да биде член на комисијата  потпишал документ дека не смее јавно да изнесува ставови и да користи доверливи информации.Во издвоеното мислење ги навел сите пропусти околу распределбата на буџетот.

Најмногу забелешки има за МНТ кој е оштетен за четири милиони денари во однос на лани, Драмскиот Театари тетарите во Битола и Прилеп. Неправда е направена и кон Млад отворен Театар кој не ја добил подршката од државата.Митковски предлага во иднина комисијата д аима поголеми ингеренции во однос на соработката со државнит еинституции со цел да се утврдат вистинскит еносители на проектите како и да се воведат построги критериуми за аплицирање.

  • Искрено верувам дека со воведувањето на ваков тип регулативи полека ќе исчезне создавањето на пара-театри преку аплицирање на ,, сестрински,, фирми и здруженија како и злоупотребата на средства под параванот на детска едукација, злоупотреба на лица со посебни потреби преку проекти кои ниту вистински имаат за цел ниту можат со својот квалитет да имаат каков било социјален импакт неопходен за надминување на предрасудите кон овие лица и нивна интеграција во општеството, вели Оливер Митковски член на Комисија за култура.

Во меѓувреме не стивнуваат реакциите на социјалните мрежи за доделените проекти. Пари биле дадени на фантом здруженија од Тетово со седиште на иста адреса во Мала Речица. 4 милиони денари добило здружението Алегрето чиј раководител бил директорот на албански песни и ора Фатос Лумани.За Амсамблот добил дополнителни 5 милиони денари. Неговата сопруга пак Лејла Халими која е организатор на Тетовскиот џез фестивал добила  1,5 милиони денари.

Јулијана Пешевска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ