Вјахирева најдобра ракометарка на ЕП во Франција

Во пресрет на завршните натпревари на Европското првенство во ракомет во женска конкуренција објавени се имињата на најдобрите на шампионатот.

Првата ѕвезда во рускиот тим Ана Вјахирева заслужено го освои признанието за најкорисна ракометарка на првенството. Дваесет и три годишната Русинка го предводеше националниот тим на патот кон второто европско финале во историјата и со 36 погодоци се наоѓа меѓу најдобрите стрелци на првенството.

За најдобра дефанзивка прогласена е Холанѓанката, Кели Далфер. Дваесет и четири годишната Далфер е клучниот играч во системот на одбрана на Хеле Томсен и сосема заслужено го освои ова признание.

Во идеалната постава се најдоа голманката на Франција, Амандин Лејно, најдобар десен бек е Алисија Штоле (Германија), прва меѓу десните крила е Кармен Мартин од Шпанија. Најдобриот асистент Стине Офтедал (Норвешка) ја доби титулата најдобар среден бек, најдобар кружен напаѓач е Крина Пинтеа (Романија), а на левата страна најдобри се Унгарката, Ноеми Хафра (лев бек) и Црногорката,  Мајда Мехмедовиќ (лево крило).

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ