Визијата на студентите за Дебар Маало

Тротоари со возила, малку дрвја и метеж е сликата коај и денеска може да се види ако се движИТЕ   во Дебар Маало.  Студентите по архитетура цел семестар работеа на ослободување на јавниот простор, па наместо непристапни тротоари , на 10 локации кои ги избраа треба да има велосипедски патеки, паркови и дрвореди.

Меѓу предвидените локации се и бараките на општина Центар.

На проектите работеа околу 100 студенти под менторство на проф.  Дивна Пенчиќ, поделени во 18 групи. ИПрво го истражувале теренот и велат дека нивните проекти можат да се применат.

На паркингот кај општина Центар денеска се одржа јавна презентација на шестмесечната работа на идните архитекти , на која беа излжени макетите и постерите за едно поинакво Дебар Маало.

Теодора Цветковска

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ