Виена ја има највисоката елка досега

Со поставувањето на новогодишната елка во центарот на градот, Виена и официјално го отвори традиционалниот Божиќен пазар.

Овогодишната елка е висока 32 метра, со што е највисокото божикно дрво што некогаш било поставено во Виена. Ја красат над две илјади светилки, со што ќе може да се види од секој дел од плоштадот. Божикниот пазар во Виена привлекува милиони посетитители од целиот свет. На 150 штандови, поставени на малите плоштади, можат да се купат рачно изработени божикни подароци, но и да се вкуси греаното вино, како и бројни кулинарски специјалитети. Во градскиот парк е поставено и големото лизгалиште како дополнителна забава за сите. Божикниот пазар ќе биде отворен до 24 декември.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ