(Видео)Принцот Ендрју ја посетувал вилата на Џефри Епштајн, тој вели згрозен сум

На краткото, матно видео објавено вчера од Дејли мејл се гледа маж, кој таблоидниот весник го идентификува како принцот Ендрју, вториот син на кралицата Елизабета, како се збогува со млада, темнокоса жена, на влезот од њујоршкиот дворец на Епстајн – озлогласеното сексуално легло каде што богаташот намамувал млади девојки.

Откако се поздравува со бринетата, принцот ѝ кимнува со глава, а потоа фрла поглед наоколу како да сака да се увери дека нема папараци на повидок.

Видеото датира од декември 2010 година, две години откако Епстајн беше осуден за најмување малолетничка за проституција и беше осуден на 18 месеци затвор.

Принцот Ендрју, како што соопшти соопшти Бакингемската палата, е згрозен од тврдењата за злоупотреба на сексуални односи во врска со неговиот поранешен пријател Џефри Епстајн.

Епстајн беше обвинет за подведување малолетнички, а неодамна изврши самоубиство во затвор.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ