Ветингот за судиите – забранет од меѓународната заедница?

Реизборот односно оценката на судиите дали заслужуваат да си ја задржат судиската тога, не била дозволена од меѓународниот фактор, тврди професорката Ана Павлова Данева која е дел од советот за реформи во судството. Данева ова го кажа како споредба со идејата за ветинг, односно контрола на полициските службеници најавена од министерот Спасовски.

Данева смета дека таков ветинг и контрола дали законски работеле во службата, е потребен и во јавната администрација. И таму за реформи се зборува и траат со децении, ама главно остануваат на хартија. Првата пред 25 години почнала со странска помош, вели професорот Давитковски, а главен консултант за реформите на администрација бил пензиониран пилот. Во администрацијата мора да има реформи за да се надмине партизацијата на тој сектор.

Дека реформите се спроведуваат за да се вработат повеќе луѓе во државна администрација, покажало и истражувањето на организацијата АГТИС наречено детските болести за демократијата. Повеќе од половина испитани граѓани сметале дека реформи се прават за поголеми давачки или за повеќе вработени административци.

Повеќе граѓани односно 71 процент од испитанитиците во анкетатат на АГТИС сметаат дека реформите се прават заради членство во ЕУ и НАТО, а само 54 проценти граѓани сметаат дека реформите се за подобар живот.

Миомир Серафиновиќ

Објавено на
© 2018 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ