Верушевски тврди дека Груевски а не Мијалков треба да биде првообвинет во “Таргет Тврдина”

Во своето денешно сведочење на рочиштето за предметот “Таргет Тврдина”, поранешниот разузнавач, Зоран Верушевски, одговорајќи на прашањата на обвинителството поврзани со нелегалното прислушување во Управата за безбедност и контраразузнавање изјави дека Никола Груевски треба да биде првообвинет во овој случај.

Според Верушевски, Груевски поседува голем број бомби и нив ги користи за да обезбеди повластен статус.

Тој оцени дека Груевски го организирал прислушувањето заради својата патолошка желба да остане на власт.

-СЈО во овој предмет направи круцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена, рече Верушевски.

Првообвинетиот во овој случај, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се изјаснија дека немаат прашања за Верушевски.

Објавено на
© 2019 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

СЛИЧНИ ТЕКСТОВИ